8 год дете “Робин Худ“ – украл пари и ги делел на улица


Осумгодишното момче И.П  од Будва и призна на полицијата дека во изминатите четири дена украл 2.000 евра во Сутоморе, а потоа сите пари ги раздавал на непознати на улица.

Граѓаните на Сутоморе пријавиле неколку грабежи, а полицијата останала вџашена кога дознала кој е крадецот, пренесува црногорскиот весник “Вијести“.

Момчето добило прекар “Робин Худ“, затоа што ги делел парите на оние за кои сметал дека немаат. И.П е приведен во полициската станица во Бар и во присуство на мајка му и социјален работник, го признал делото.

Тој рекол дек на Автобуската станица во Сутоморе наишол на неколку момчиња и ги прашал дали имаат пари. Откако добил негативен одговор, им дал 700 евра.

Момчето било дојдено во Сутоморе со мајка си и очувот, за да “им помага“ во работата.

 Одумгодишникот, според законот, не може да биде кривично гонет.

„Известен е судија, кој наложи Центарот за социјална работа да се погрижи за него, за да не се повторуваат вакви проблеми“, пренесува “Вијести“.

Share Button

Tags: , , , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1