По 50 години – Манастирот Свети Илија на вода


Камен плоча од потопената црква која датира од 15 век е вградена во новоизградениот објект, на ридот над некогашното село, кој ќе биде осветен во недела (14 септември) на 50-годишницата од напуштањето на родниот крај на глобочичани кои морале да се иселат поради градењето на хидроцентралата „Глобочица“.ilija2

Иницијативниот одбор на Месната заедница „Глобочица“ го најавува свечениот чин на осветување на новоизградената црква „Св.Илија“. Осветувањето од страна на Владиката Тимотеј ќе се случи во 8 часот. Осветувањето  се случува на 50-годишнината од иселувањето од селото Глобочица, кога заради потребите на градењето на хидроцентралата „Глобочица“(1964 година), населението морало да го напушти својот роден крај.

Новата црква, благодарение на упорноста и посветеноста на селаните, вградена во себе, заедно со крстот,  ја носи и камен-плочата од некогашната потопена црква, која била извадена од дното на Глобочичкото езеро од страна на нуркачки тим во мај, 2012 година. Неа и е дадено почесно место во еден од сводовите на новата црква.ilija4

Инаку, во длабочините на темната зелена вода се уште стојат остатоци од проголтаната црква „Св.Илија“, која била изградена во „турско“, а чиј крст, велат селаните, понекогаш, кога опаѓа нивото на вештачкото езеро, станува видлив над површината на водата.ilija1

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1