Побарала фискална добила ќотек на паркинг во Тетовската болница


Перса Наумовска од Јегуновце била физички нападната од вработениот на паркингот во Клиничката болница во Тетово.

Сакала со автомобилот да се паркира но наместо фискална вработениот и дал парагон блокче , на што жената реагирала и побарала фискална, објави телевизија Телма. На тоа вработениот бурно реагирал и ја нападнал жената. Реагирале вработените од обезбедувањето на болницата кој ја спасиле да не биде претепана.

Таа веднаш случајот го пријавила во полиција и во Управата за јавни приходи. Од болницата пак велат дека вработениотнегирал дека физички ја нападнал. Тврди дека таа сакала да се паркира, а да не плати. Информирале дека во план е и електронски ситем за влез во кругот на болницата.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1