Бразилскиот кошаркар Давид Енрике Меира, доживеал тешка несреќа на тренинг на неговата репрезентација во обид да ја забие топката во обрачот.
Попуштила констркцијата на кошот и паднала врз него на паркетот. Енрике на двапати бил оживуван во амбулантното возило. Сепак докторите не успеале да го повратат и по десетдневна кома, Меира ги загубил животните функции.