Почина првиот човек на месечината – астронаутот Нил Армстронг


Почина легендарниот астронаут Нил Армстронг.

Нил Армстронг, првиот човек кој што се качи на месечината почина денеска 25 август 2012 година, на 82 годишна возраст.

На 8 август имал операција на срцето. Му бил вграден бајпас и неговото опоравување најпрвин одело во нагорна линија.

Според информациите од неговото семејство неговата здраствена состојба се влошила по операцијата на 8 август и на крајот Армстронг ја изгубил битката.

Поранешниот астронаут на НАСА раководеше со леталото Аполо 11 кое слета на месечината на 21 јули според европско време додека в САД сеуште било 20 јули – 1969 година. Слетувањето го следеа милиони низ целиот свет.

Засекогаш ќе остане запаметена неговата историска реченица – ,, Ова е мал чекор за човек, но голем за човештвото,,


video platformvideo managementvideo solutionsvideo player

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1