Почина Војо Гркланов – 4 та жртва на пожарот во Струмица


На Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, изутрината почина уште едно лице. 54-годишниот Војо Гркланов од стумичкото село Вељуса, им подлегна на повредите здобиени во пожарот кој избувна на 23 јули во местото Чамчифлик кај Струмица, јавува МИА.

Гркланов е 4-та жртва на струмичкиот пожар. На клиниката во Скопје беа пренесени 5 лица со тешки изгореници. На 24 јули починаа браќата, Пено и Блажо Стојкови. А неколку дена подоцна на повредите им подлегна и 30 годишниот струмичанец Митко Георгиев.

За пожарот беше осомничена 24-годишната Е.М, од Струмица. Таа запалила стари алишта, по што огнот се проширил.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1