Поефтинува бензинот – најниска цена годинава


Од ноќеска на полноќ, бензинот поефтинува.

Еуросупер – 95 ќе биде поевтин за 2.5 денари и ќе се продава за 75.5 денари за литар, а цената на Еуросупер – 98 се намалува за три денари и ќе изнесува 77 денари за литар.

За три денари се намалуваат и цените на еуродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство, како и цената на мазутот.

Ова е најниска цена на бензинот оваа година.  Регулаторите објансуваат дека поевтинувањето на нафтените деривати се должи на падот на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1