Поради вишокот килограми и мислите стануваат побавни!


Дебелите луѓе со висок крвен притисок постигнале послаби резултати на ментални тестови, а мозокот им стареел побрзо во споредба со испитаниците кои имале нормална тежина.

Дебелината влијае и врз послабата работа на мозокот, открива едно десетгодишно истражување во Франција, спроведено на 6 илјади луге на возраст од 35 до 55 години. Научниците тврдат дека високата концентрација на шеќер во крвта и холестеролот влијаат на работата на мозокот и предизвикуваат губење на меморијата.

– За да дојдеме до поконкетни резултати треба и понатаму да истражуваме за да докажеме на кој начин генетските фактори и дебелината влијаат врз луѓето, ниното размислување и памтење, истакнал лидерот на ова истражување Архан Синк Манукс.

Поранешните истражувања покажале дека гојазноста го зголемува ризикот од деменција.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1