Куќа изгоре попладнево околу 15.30 часот во Дебар на улица „Атанас Илиќ“. Пожарот во куќата на семејството Исаку избувнал во собата каде што бил компјутерот и се проширил во кујната.
Чадот го виделе соседите и веднаш притрчале да помогнат. Изгоре покуќнината и дел од куќата која се наоѓа во строгиот центар на градот, но за среќа иако е залепена со други куќи пожарот не се проширил. Брзата интервенција на противпожарната единица спречила проширување на пожарот на соседните куќи.
Во времето на пожарот во куќата немало никој.
Увидот треба да ја утврди причината за избувнувањето на пожарот.