Пожар во Свети Николе – гори селото Патетино


Денес во 15:00 часот избувна пожар во с. Патетино, Светиниколско. Се опожарило жито, а огнот подоцна се проширил и на околу петнаесетина куќи од селото.

Пожарот брзо се ширел и за многу кусо време гореле 30 куќи и околу 300 хектари жито. Пожарникарите од Свети Николе со 4 возила веднаш се упатиле да го локализираат пожарот. На помош пристигнале и пожарникари од Кочани, Велес и Штип, а во гаснењето учествуваа и  два канадера.
според информациите пожарот во куќите е локализиран, но сеуште горат стрништа и ливади околу селото. Пожарникарите ќе гаснат и во текот на ноќта.

Во Македонија денеска имало три поголеми пожари. Делчево кој се прошири и на општината Пехчево, овој во Светиниколско и во Тетовско.
Во гаснењето на пожарот во Делчево вклулени се и авионите за гасење пожари.

Во општина Чешиново-Облешево, во селото Теранци околу 13 часот избувнал пожар предизвикан од запалено стрниште. Зафатени се пасишта и жбунови од околу три хектари.

Пожарот во околината на Тетово е локализиран.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1