Синоќа околу 21 часот пожар се разгорел на брдото Горица во Подгорица. Во еден момент огнот дошол на само 10 сетина метри од куќите.
Евакуирано беше и дел од населението на улицата Атинска, а брзата реакција на пожарникарите спречи да се опожарат објекти.
Брдото е позната елитна резиденцијална област, таму се сместени и неколку амбасади кои биле сериозно загрозени од огнената стихија поради силниот ветер кои го отежнувал гаснењето.
На брдото се британската, грчката, румунската, совенечката како и резиденции на неколку амбасадори на европски земји. Амбасадорот на словенија Владимир Гаспариќ изјавил дека огнот бил речиси до терасата на амбасадата.
Според командирот на службата за спасување Радомир Пјешиќ причина за пожарот била пукање на високонапонски кабел.
Оганот зафатил голема површина на шума, за само 10 минути опожарено било половина брдо. Горело и околу пригата Београд – Бар.