Приказна која остава без зборови!!! Како сопственикот ГО САКА своето куче!!!


Фотографијата на која сопственикот го заспива своето куче во езерото ги освои срцата на милиони луѓе ширум светот. Сопственикот Џон Унгер го држи својот миленик во водата на езерото Супириор. Тоа е единствениот начин на кој Чоеп може да спие.

Приказната започнува пред 19 години. Џон го пронашол Чоеп како мало кутре и од тогаш, Чоеп не му е само миленик. Тој е дел од семејството, тој е неговата љубов, тој му е се. По 19 години Чоеп заболел од артритис. Тешка болест од која стариот пес има проблеми со спиењето.

Сепак, сопственикот е подготвен сега да направи се да му ја олесни староста, а болката и проблемите на Чоеп поподносливи. Џон пронашол извор со терапевтска вода, која е со идеална температура и во неа кучето спие без никакви проблеми. Па така, Џон се решава да го носи миленикот секој ден во езерото, држејќи го со часови, колку и да е потребно, додека стариот Чоеп не се наспие.

Фотографијата на која е прикажана неизмерната љубов и уникатната врска помеѓу Џон и Чоеп ги освои срцата на сите што ја видоа, а на Фејсбук доби преку 250 илјади „лајкови“ до сега.

Share Button

Tags: , , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1