Едниот авион летал за Диселдорф, Германија, додека вториот пристигнал од Лондон, Велика Британија.
Авионот од Диселдорф полетал околу 18:45 часот, но откако на него налетало јато птици поминал кратко време во воздухот и слетал на пистата на „Александар Велики“.
Вториот авион стигнал од Лондон околу 19 часот и налетал на јато птици. Потоа пред полетувањето за Лондон пилотот чекал механичарски преглед.
По првичните проблеми авионите полетале и стигнале на своите дестинации.