Проверете си ги фиоките: Штедни книшки и со 20.000 евра, чекаат некој да ги земе – заборавени штедачи


Во Фондот има и пари на големи штедачи.- Според  евиденцијата, по пари не дошле уште седуммина што имаат депозити од повеќе од 20.000 евра, како и десетина со депозит меѓу 10.000 евра и 20.000 евра.

pari mito zemaПокрај штедачи на Македонска банка, во Фондот за депозити не си подигнале пари и некои штедачи од Радо банка и од Експорт-импорт банка. Ни по 7 години, откако Македонска банка отиде во ликвидација, штедач не се обидува да си ги поврати своите 100.000 евра, што ги имал во оваа банка.

Штедачите од банките што пропаднале, во Фондот за осигурување депозити  имаат околу 1,6 милиони евра, но веќе подолг период никако да си ги подигнат.  Во изминативе 17 години, откако е формиран Фондот, пропаднале пет банки и шест штедилници и досега се обесштетени околу 21.000 штедачи со околу 23 милиони евра. Најголем дел од обесштетените, повеќе од 85 отсто, се од Македонска банка, но од оваа банка има и најмногу што не си ги подигнале парите.

Фондот ги потсетува штедачите дека кога ќе заврши стечајната постапка за некоја банка или штедилница, практично е невозможно да се добие потврда врз основа на која ќе се добие обесштетувањето.

– Најголем дел од овие 100 милиони денари што лежат неподигнати во Фондот, односно околу 80 милиони денари, се пари на ситни штедачи со сметки од 100 денари до 1.000 денари. Процедурата за подигање на парите од Фондот е таква што тие треба да отидат во банката во стечај или ликвидација и таму да подигнат потврда со износот на депозитот врз основа на документи што ги презентираат, како што се штедни книшки, чековни книшки, трансакциска сметка. Со таа потврда се исплаќа законски загарантираниот износ веднаш.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1