Првата плескавица е произведена во Македонија – тврди Дискавери


Првата плескавица во светот е направена пред 6.000 години во Македонија или, поточно, во Пелагонија, во времето на неолитот. Ова е одговорот на експертите од телевизискиот канал Дискавери, на кои во рубриката „Сакам да знам“ им било поставено прашањето за староста на плескавицата.

Иако ова е стара информација сепак заслужува да се потсетиме на неа.

pleskavicaДомашните истражувачи овој податок го кажуваат како своевиден куриозитет. „Не гледам зошто во Дискавери би биле пристрасни. Станува збор за нешто што е потврдено при испитувањето на неолитските артефакти пронајдени на нашите простори и тука нема место за сомневање“, вели Зоран Николовски, директор на Заводот и музеј од Битола, во чии рамки од неодамна почна да работи Светскиот центар за истражување на македонскиот неолит. Тој уште додава дека и американската историчарка на уметноста Марија Гимбутас е убедена дека европската цивилизација започнува од Пелагонија. Тврдењето го поткрепува со староста на артефактите пронајдени во овој регион.

„Оттука тргнала цивилизацијата“, вели Вангел Божиновски, координатор на Центарот. „Во Македонија има околу 50.000 неолитски населби. Ако го следите патот на неолитот во Европа, кој тргнува одовде, ќе видите каде и кога стасал. Всушност, ние имаме обврска кон Европа, да и’ кажеме дека ние го пополнуваме празното место на основоположник на европската култура“.

Povekje na – Utrinski Vesnik

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1