Раѓањето на дете ја подобрува меморијата на жените


Раѓањето на дете ја подобрува меморијата на жените, утврдија американските научници.

Во серија експерименти, младите мајки се справиле многу подобро од жените кои немале деца. На тестовите за визуелно-просторна меморија , мајките покажале поголема способност да ги запомнат информациите кои им биле пласирани.

Истражувачката Мелиса Сантијаго од Универзитетот Карлос Албису во Мајами, вели дека резултатите се спротивни на верувањето дека меморијата и когнитивните функции на жените се намалуваат откако ќе родат дете.

Сантијаго анализирала 35 жени кои станале мајки за првпат, со деца на возраст меѓу 10 и 24 месеци, како и 35 жени, кои сеуште не родиле.

И двете групи, во кои преовладувале жени од шпанско говорно подрачје, имале слични резултати на тестовите за интелигенција.

Во истражувањето за визуелно-просторната меморија, на жените им бил прикажан лист со шест карактери во рок од десет секунди, по што тие биле замолени да го насликаат она што го запаметиле. Задачата била повторена повеќе пати.

Првиот пат кога на жените им бил прикажан листот, и двете групи запамтиле речиси ист број на карактери.

Но, вториот и третиот пат мајките се справиле многу подобро од жените кои немаат деца, што покажува дека со секој следен пат, мајките памтат се повеќе и повеќе информации, за разлика од другите жени.

Подоцна на жените им биле прикажани различни карактери и жените требале да запамтат кои симболи биле веќе прикажани во претходните тестирања. И тука, повторно мајките покажале подобра меморија.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1