Распад во СДСМ во Куманово – Виктор Цветковски исфрлен од СДСМ


Виктор Цветковски повеќе не е член на СДСМ. Така одлучиле членовите на извршниот одбор на синоќешната седница која траела до доцна во ноќта. Веста ја потврдила и Претседателката на СДСМ во Куманово, Снежана Захариева – пишува куманово news.

За исклучување на Цветковски гласале 12 членови, тројца биле против и еден воздржан. Пред тоа се водела жестока расправа околу најновите случувања во СДСМ во Куманово. На седницата бил и генералниот секретар Андреј Петров.

Поделеноста на членовите на СДСМ во Куманово, јавно излезе на последната седница на Советот, кога половина членови гласаа за одлука, а половина беа против. Цветковски и уште петтмина беа на спротивната страна. Цветковски јавно се спротивстави на подршката на Дамјановски за уште еден мандат и поднесе оставка во Извршниот одбор на СДСМ неколку недели пред неговата промоција.

 

 

 

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1