Алерт 1 – Македонија е во жолтата топлотна фаза – лекарите на готовс


Министерството за здравство алармира – утре се очекува топлотен бран со ниво на алерт 1, односно жолтата фаза – подготвеност. Во оваа ,,жолта,, фаза веќе постои потенцијална опасност по здравјето на луѓето.

Се очекува многу топло време со висок УВ индекс. Температурата ќе биде над 35 степени, а на места ќе достигнува и до 40 степени.

Сите здравствени установи се во приправност ги спроведуваат мерките предвидени за жолтата фаза и се подготвени со доволен број лекари и лекови, соопшти  Министерството за здравство

Детални информации за тоа кој мерки се превземаат може да се најдат на веб сајтот http://toplotnibranovi.mk/mk_faza1.asp

Над стотина повици, 50 интервенции, по 5 колабирања, случаи на топлотен удар – ова се бројките од Брзата помош во Скопје. д-р Маја Поповска, раководител на Итната медицинска помош во Скопје вели дека со доаѓањето на топлотниот бран во земјава, очекуваат зголемување на бројот на повици и интервенции.

Остануваат препораките да не излегувате во периодот по 10 до 16 часот доколку не морате, да се заштитите од сонцето (шапки, светла облека) да пиете многу течности, и да не го изложувате телото на нагла температурна разлика – климатизирана просторија и потоа веднаш надвор на сонце. На ова особено да внимаваат возачите кој имаат климатизирани автомобили.

Share Button

Tags: , , , , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1