Ред бул и алкохол тера на ,,луд,, секс – сега и научно докажано (ВИДЕО)


Според истражувањето комбинацијата ред бул алкохол влијае на мозокот така што ги отупува сетилата и народски кажано го отупува расудувањето. Се чуствувате како да сте под седативи и под спид во исто време. Телото ви пука од енергија, а сепак мозокот е флегматичен и вас баш ве боли уво за цел свет – вака Аманда Милер лекар кој го водел истражувањето ја опишува состојбата при конзумација на овие пијалоци. Сепак ова не е информација за фалење – ваквата состојба трајно го уништува мозокот – предупредуваат научниците.

Најновите истражувања покажале дека адолесцентите кои мешаат алкохол и ред бул се склони на луд, див и незауздан секс. Истото важи и за мешање на енергетски пијалок со пиво или вино.

Оранж хил, јегер бомба, виски ред бул, гуарана вотка – сето ова се многу популарни коктели меѓу младите.

Освен досега предупредувањето од лекарите дека не е здраво да се мешаат енергетските пијалоци со кафе, чај и алкохол сега е докажано дека овие комбинации влијаат на мозокот и предизвикуваат неконтролирано однесување.

Имено познато е дека конзумирањето на енергетските пијалоци во овие комбинации може да предизвика колабрирање, тахикардија, преголема возбуденост на организмот и да доведе до степен да морате на испирање. Но краткорочното труење не е најлошото што може да ве снајде.

Во најновото истражување на универзитетот во Бафало учествувале 648 студенти на возраст од 18 до 22 години. Одговарале прво на прашање дали мешаат алкохол и енергетски пијалоци и колку пати додека биле во таа состојба имале ризично однесување.

Една третина одговориле дека редовно конзумираат мешавини со ред бул и други енергетски пијалоци, а дури 85 насто рекле дека додека биле ,,опиени,, имале див и ризичен секс штетен и по нивното здравје и по безбедноста. Многумина се согласиле на секс без презерватив а во 2 случаи студенти се заразиле со хепатитис ц поради таков незаштитен сексуален однос. Младите не размислуваат за утре, велат истражувачите – а тоа може да ги чини живот.

,, се чуствувам одлично како да сум полна енергија. Стегите како да ми паднале па подготвена сум да направам се. Послободна сум некако па искрено тогаш не ми е срам ни да имитирам пози од порно филмови – инаку тоа не би го направила никогаш,, изјавила 20 годишна студентка која била дел од испитувањето.

,, имам енергија се осеќам како жиголо – можам да експериментирам. Искрено сум пробал и само да се опијанам но некако не се чуствувам исто кога пијам само алкохол и кога мешам со енергетски пијалок,, признава 23 годишен студент.

Според лекарите младите кои конзумираат ваков алкохол се чуствуваат еуфорично, како да се на врвот на светот и можат се. Без да размислат сигурни во себе седнуваат зад волан, имаат незаштитен секс, или се изложуваат на други ризици.

Според истражувањето комбинацијата ред бул алкохол влијае на мозокот така што ги отупува сетилата и народски кажано го отупува расудувањето.

Се чуствувате како да сте под седативи и под спид во исто време. Телото ви пука од енергија а сепак мозокот е флегматичен и вас баш ве боли уво за цел свет – вака Аманда Милер лекар кој го водел истражувањето ја опишува состојбата при конзумација на овие пијалоци.

Исто така 85 насто од испитаните кои имале сериозни врски ги изневериле партнерите многу лесно со некое момче или девојка од клубот каде го конзумирале пијалокот.

,, јас незнам што ми стана, се чуствував секси и привлечна. Момчето не мораше многу да се труди. Ми пријде ми кажа дека сум секси и јас сочно почнав да го бакнувам пред сите – завршивме заедно. Сега се каам имам момче веќе 3 години, планираме енчавка, јас незнам што ми стана,, изјавила 22 годишната Кимберли која учествувала во истражувањето. Таа признала дека вообичаено пие вино, но таа ноќ немало вино во клубот и по препорака на пријателка пиела виски со ред бул. Исто така признала дека не се ни сеќава на момчето, на неговото име.

Кимберли останала без венчавка – и без момче, а добила и генитална инфекција.

Аманда Милер која го водела истражувањето предупредува дека ваквото однесување во очите на другите ве прави примискуитетни, а тоа после со години ви остава траги на вина, и не е лесно да го заборавите. Освен тоа постојаното конзумирање на ваквата мешавина со време трајно ги оштетува нервите и го затупува делот од мозокот задолжен за расудување. Истражувањата сеуште траат, а лекарите стравуваат дека последните медицинснки резултати ќе се и повеќе фрапирачки.

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1