Руски вицепремиер ја нарекол Мадона ,,курва,,


Заменикот премиер на Русија, Димитриј Рогозин, на својот Твитер профил напишал навредлива порака, која според оценката на американската новинска агенција Асошијетед прес, е упатена на американската пејачка Мадона.

Популарната пејачка дала јавна поддршката на уапсените членови на рускиот панк бенд „Пуси рајот“.
„Рогозин неделава напиша дека секоја поранешна к**ва сака да дава лекции за моралот кога ќе остари. Посебно за време на турнејата во странство.

Членовите на рускиот бенд се обвинети поради хулиганство, односно потикнување на меѓуверска омраза и навредување на чувствата на верниците.

Обвинителството за нив побарало затворска казна од три години.

Сите три обвинети членови на бендот се изјасние дека треба да бидат ослободени од обвиненијата, затоа што во акцијата на храмот „Христос спасителот“ во фебруари, кога ја испеале песната „Богородица, гони го Путин“, имала политички, а не религиознен карактер.

Мадона групата „Пуси рајот“, ја поддржа и на нејзиниот концерт во Москва, кој што се одржал во вторникот. Пејачката изјавила дека ќе се моли за нив и на бината се свртела со грбот, на кој било испишано името на бендот, а потоа ставила црн превез за очи, како што имаат и руските музичарки.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1