Нова трагедија го потресе фудбалскиот свет. Хорхе Модроњо Андрес, (20) годишниот фудбалер на Ваљадолид Б, не можел да поднесе тоа што му раскинала девојката па извршил самоубиство.
Шпанските медиуми пренесуваат како двојката неодамна ја раскинаа веридбата, што многу го потресе младиот фудбалер.
Модроњо на социјалната мрежа Твитер оставил порака која зборува за неговата тешка психичка состојба во последните неколку денови од неговиот живот.
Во последната порака, ден пред самоубиството напишал, „Ве гушкам сите“.
Јавноста дознала за самоубиството на младиот фудбалер, благодарение на сопругата на неговиот соиграч од клубот.
Самоубиство на фудбалерот на Ваљадолид по пораката на Твитер