Шок во Турција: Се обиделе да го отрујат Ердоган


Следбеници кои живеат во САД на турскиот духовник и противник на властите во Анкара, Фетулах Ѓулен се обиделе да отрујат претседателот Реџеп Ердоган. Ова го изјави министерот за здравство Мехмет Моезиноглу, цитиран од турскиот весник „Хуриет“.

„Фетулахската терористичка организација“ – како што ја нарекуваат властите, е виновна официјално и за приватноста на Ердоган, докажувајќи го обидот да го отрујат, пишува весникот „Бугон“, кој првично беше близок до Ѓулен , но подоцна стана провладин медиум.erdogan

„Луѓето кои сакаат да прават добри нешта, секогаш се предмет на слични обиди“, изјавил министерот.

Според него, кога шефот на државата дознал за обидите, ги нарекол приврзаниците на Ѓулен „хашаши“, имајќи ја предвид средновековна исламска секта позната по своите убиства.

„Тие развија стратегија за колапс на државата одвнатре. Тие се како волци, облечени како овци“, додал уште Моезиноглу.

Против близу 69 лица, помеѓу кои и самиот Ѓулен , вчера беше покренато дело под обвинение за обид за соборување на турската влада преку истрагата за корупција против високи државници на крајот на 2013 година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1