Сител: Докторката од Ѓорче спасувала живот на дете кога скопјанец почина пред влезот на поликлиниката


Скопјанецот Ѓуреци Севдаи, во изјава дадена за тв Сител тврди дека докторката од Ѓорче не е виновна бидејќи во тие моменти го спасувала неговиот син.

„Додека го прегледуваше син ми влезе човек и ја повика да излезе оти некому надвор му се слошило. Докторката наеднаш стана и не знаеше како да реагира. Син ми пред нејзини нозе повраќа, а тој бара помош кажувајќи и дека некој паднал таму кај поштата, кај таксистите. И сега докторката не знаеше дали таму да оди или моето дете да го прегледа. Таа веднаш свика да се викне Брза помош. Јас се јавив на 194 и ми кажаа дека веднаш ќе дојдат“ вели Ѓуреци во изјавата за Сител.

Докторката која беше на смена доби  суспензија од работа бидејќи не му пружи помош на човекот кој почина во кругот на поликлиниката во Ѓорче Петров.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1