Скандалозен почеток на чествувањето на независноста на Македонија – Македонската химна никаде ја немаше – се пееше на албански


Спектаклот во Арената Филип 2 по повод чествувањето на 21 година од независноста на Македонија не се отвори со интонирање на македонска химна. Иако најавено дека официјалниот старт е од 21 часот – преносот започна од 20 часот и водителот излезе на бината да ги поздрави насобраните гледачи.

Прво настапи младата виолинистка, а првите зборови, освен воведниот поздрав на Игор Џамбазов, кои се слушна од арената Филип 2 беше албански пејач кој запеа на албански, а веднаш потоа повторно на албански групата Шкупи со албански рап.

СПЕКТАКЛОТ НЕ ЗАПОЧНА СО НИТУ ЕДНА МАКЕДОНСКА ПЕСНА – НИТУ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА – ОФИЦИЈАЛНАТА ХИМНА НА ДРЖВАТА ??????????

Дури и публиката со свиркање реагираше на ваквиот СТАРТ и гласно извикуваа МАКЕДОНИЈА МАКЕДОНИЈА !!!!!!!!!!!!!

Од македонската химна ниту трага ниту глас ни 20 минути по почетокот на концертот. Водителот најави дека химната ќе се интонира дури во 21 часот – бидејќи тогаш бил официјалниот почеток на концертот. Џамбазов неколку пати ги потсетуваше гледачите дека стартот е во 21 часот а ова е загревање. Сепак преносот е во тек.

ОБНОВЕНО – Официјалниот дел кој го најавуваше водителот Џамбазов – концертот на браќата Тавитјан започна нешто по 21 часот – со интонирање на химната на Република Македонија од страна на Игор Дурловски. Во текот на концертот 21 пејач од целиот Балкан ќе пеат познати македонски песни.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1