Полициските екипи кај 49 годишниот Б.Н. од скопско Грчец пронашла 22 стебла канабис сатива со различни големини.
По извршениот претрес дома, во пластеник во дворот биле пронајдени 5 стебла со големина од 2 до 3 метри, додека во близина на пластеникот во дворот, каде имало посеани пченка биле пронајдени уште 17 стебла од истото растение.
Б.Н. е уапсен а пронајдените стебла се фотодокументирани, а потоа искорнати со потврда за привремено одземени предмети и предадени на понатамошно вештачење.
Скопјанецот е приведен во службените простории на ЕНТДО за понатамошна постапка.
Пријавениот е евидентиран како сторител на кривични дела за кои е осудуван на затворски казни.