Скопјани како на одмор во Грција? – уништен автомобил во Неи Пори – Фото


Скопјани како на одмор во Грција?  – со ваков наслов порталот Таратур објави фотографии од уништен македонски автомобил. Според порталот фотографиите се сликани деновиве во познатото одмаралиште Неи Пори во Грција.

Освен што не понижуваат и ни лепат навредувачки лепенки при самиот влез, македонците додека се на летување во Грција не смеат слободно да кажат од каде доаѓаат.

Доколку во некое кафуле или ресторан ги прашаат од каде се најголемиот дел од нив срамежливо велат – од Скопје, исплашени да не имаат проблеми или остра реакција од грците.

Оние похрабрите кој ќе речат дека се од Македонија веднаш добиваат поинаков третман. Во најдобра варијанта келнерот ќе замолчи и ќе ја стави таа маса последна на неговата листа, ќе чекате некое време пред да добиете храна, а недај боже да побарате чаша вода – ќе ја добиете само никогаш.

Често се случува оние кој прашале од каде сте да ве поправат – па кога ќе чујат Македонија да ви речат ,, а, мислите Скопје,,

Тешко пак на оние најхрабрите кој возилото мораат да го паркираат на јавни паркинг простори. Им останува само да се надеваат дека некој грци нема да ги забележат табличките. Но овој ,,СКОПЈАНЕЦ,, ја немал таа среќа. Си го нашол автомобилот целиот ишаран со боја. Хулиганите му напишале

,, GIPSY SKOPIA,,

Но ако – пак да им одиме на одмор во Грција – тие не понижуваат, а како што и таратур вели нас ништо неможе да не спречи да одиме и да ги оставиме нашите пари во земјата која со децении не понижува и угнетува!!!

Сликите се превземени од taratur.com

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1