Скопје: Скриена зад салон за масажа, рентала девојки за секс од Кратово, Кичево, Штип


58 годишна скопјанка З.М од 2009 година па досега скриена зад салон за масажа била макро на 5 девојки кои ги изнајмувала за секс.

од февруари 2009 година до крајот на јули 2012 година во стан лоциран на ул.„Женевска“, како и во повеќе други станови на територијата на Скопје, откако предходно обезбедила пет девојки на возраст од 19 до 32 години од Пробиштип, Кратово, Скопје, Кичево и Штип, преку оглас во неделниот весник “Огласник М“ за работа во салон за “масажа“, истите ги врбувала, наведувала и ги присилила на давање на сексуални услуги на повеќе лица, кои таа ги договарала на телефон. Подоцна од “клиентите“ наплаќала сума од 1.500 до 3.000 денари, пари што во поголемиот дел ги задржувала за себе, а дел од им давала на девојките-даватели на сексуалните услуги.

По предходно добиено оперативно сознание, со наредба од Истражен судија при Основен суд Скопје 1 Скопје, извршен е претрес во станот на ул.„Женевска“, каде привремено престојува пријавената, при што во станот покрај пријавената се затекнати и лицата М.А.(1983), А.С.(1988), Ф.Д.(1988), додека Б.С.(1989) била затекната во кревет со лицето Т.Ф.(1978) од Скопје. При претресот во станот, пронајдени се и одземени поголема количина на кондоми и тетратка со евиденција за клиенти со нивни телефонски броеви, информации за начинот на плаќање и сумата на пари за сексуалните услуги.

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1