Скутерџии од 2 до 8.000 евра казна – нема возење од 11до 18 часот


 

Владата донесе одлука од 20 јули казни за сите несовесни скутерџии. Ограничувањето важи за периодот од 11 до 18 часот секој ден и тоа за целата водена површина на Охридското, Дојранското и на Преспанското Езеро, од 20 јули до 20 август. 

Казните се ригорозни –

– до 2.000 евра за скутери на вода

– од 6.000 до 8.000 евра за домашни и  странски правни лица

– од 800 до 2.000 евра за граѓани.

Ако ве фатат на лице место како возите скутер меѓу капачите мандантната казна е 600 евра на лице место.

Забраната се однесува на скутерите кои се со јачина поголема од 45 kW и кои можат да пренесуваат максимум 3 лица.

Ако е потребно, ќе се прошири забраната велат од Владата

Оваа одлука доаѓа по двата инциденти во кои едно момче и едно 11 годишно девојче беа повредени во водите на охридското езеро од страна на несовесни скутерџии.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1