Славниот боксер Holyfield должи 500.000 евра за алиментација – има 11 деца


Еден од најдобрите и најпознатите светски боксери 49 годишниот Evander Holyfield должи околу 500 000 евра за алиментација само за едната ќерка.

 

Боксерот со години не плаќал алиментација за 11 деца колку што ги има со 5 жени. Само на ќерката Emani која сега има 18 години и должи со се камата 432.000 евра. Откако судијата нервозен го обвинил боксерот за непочитување на судот кој со пресуда наложил да и ги исплати заостанатите алиментации, тој веднаш ,,брцнал,, во џебот и платил 14.000 евра, а другите ќе ги плател на рати.

Поради големите долгови и скапи разводи со 5 те жени боксерот мораше да продава дел од имотот, па дури и своите трофеи како бронзениот олимписки медал од 1984 а дури и најави дека ќе го продаде прстенот на шампион и ракавиците кои ги користел во борбата со Мајк Тајсон кога тој му одгриза дел од увото.

Неодамна му беше конфискувана и вилата со 109 соби во Фаирбурн за која искешира 12 милиони евра кога ја купуваше.

За време на кариерата заработи околу 250 милиони долари, но поради луксузниот живот кој го водеше пред неколку години прогласи банкрот.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1