„Мала пажња“ им дале хакери од Србија на компјутерските системи на Алијансата во Брисел, како одмазда за бомбардирањето на Србија од 1999 година. Командниот штаб бил блокиран седум дена.
Седиштето на НАТО во Брисел во својата историја доживеал само еден сериозен хакерски напад , и тоа токму од Србите, дознава српски Курир.
За време на бомбардирањето на НАТО врз Србија во 1999 год., група спрски компјутерски стручни лица, го нападнала компјутерскиот систем на Алијансата во Брисел, кој доживеал целосен крах!
-Во март 1999, кога почна интервенцијата на НАТО на територијата на Србија, прв пат се сретнавме со проблемот сајбер-војна. Поточно, српски хакери успеале да упаднат во нашиот систем овде во Брисел. Со недели не можевме да пратиме итни мејлови, ниту да користиме интернет – открива официјално лице на НАТО.
Оттогаш, според него, Алијансата сериозно води смета за безбедноста на својот сајбер-простор.
-Разбирливо е од аспект на Србија да се случи такво нешто. Сепак, Србите се бомбардирани и тоа бил нивниот начин да возвратат – кажува официјалното лице и додава дека технологијата за заштита на системот на НАТО, сега била многу унапредена. Ден денес имале по 100 обиди дневно за упад во системот.