Лице поврзано со хакерскиот колектив Анонимуси ја презеде одговорноста за хакерскиот напад на големиот GoDaddy.
Поради овој напад сите сајтови чии домени и сервери се хостирани од GoDaddy не функционираа, меѓу нив и нашиот сајт MKnews беше недостапен повеќе од 4 часа. GoDaddy има 53 милиони домени, и сите свои клиенти ги информираа дека забрзано работат на отстранување на проблемите предизвикани од овој хакерски напад.
Оваа вест ја пренесоа и сите светски медиуми со оглед на фактот што многу од најпосетуваните сајтови во светот се хостирани токму од GoDaddy.