08/07/2018 14:09
•
Posted by: MK News
Речиси целата музичка естрада денес дојде на градските гробишта во Ѓорче Петров да го испрати пејачот Влатко Илиевски во неговиот вечен дом, пренесува А1он. Освен семејството, неговите музички колеги, тука беа и голем број на фанови, блиски пријатели, роднини. Со солзи во очите и венци свежо цвеќе, скршени влегуваа во капелата за да му оддадат […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:37
•
Posted by: MK News
Собранието со 69 гласа „за“ и еден воздржан ја прегласа ратификацијата на Договорот со Грција за промена на уставното име откако Иванов одби да го потпише указот за негово стапување во сила. За ратификацијата гласаа пратениците од владејачкото мнозинство и опозициските албански партии, овој пат вклучително и Мендух Тачи. Дебатата во Собранието траеше околу 20тина […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2018 11:13
•
Posted by: MK News
На 72-годишна возраст почина поранешниот директор на Националниот историски музеј Божидар Димитров, објави новинската агенција ФОКУС. Историчар по образование, тој беше министер без ресор, одговорен за Бугарите во странство во првиот кабинет на Бојко Борисов. Починал пред зградата во која живее. Одеднаш се фатил за градите и паднал на земјата, јавуваат бугарските медиуми. Негови блиски […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2018 12:24
•
Posted by: MK News
Локален дожд и ретки грмежи најавуваат метеоролозите за попладневните часови во Македонија. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во југозападните делови повремено засилен западен ветер. Минималните температури ќе се движат од 12 до 16 степени, а максималните од 19 до 28 степени. Од УХМР за утре најавуваат потопло време, попладне со појава на локален […]
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2018 21:49
•
Posted by: MK News
Врнежите ќе се интензивираат доцна попладнево и вечерва како и во текот на ноќта кон утрешниот четврточен ден и локално за кратко време ќе наврне значително количество на воден талог (над 50 л//м2). Сето ова може да услови локални поплавувања а можни се зголемувања и на нивоата на реките и на езерата во државава. Локално […]
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2018 11:55
•
Posted by: MK News
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот Фејсбук профил се обрати откако Европската Унија одлучи да почне преговори со Македонија и со Албанија во јуни 2019 година под неколку услови кои треба да се исполнат до тогаш. – Ќе нѐ биде! Ќе има пот, солзи и многу разочарувања, ама ќе нѐ биде. Колку повеќе […]
______________________________________________________________________________________________________
26/06/2018 20:40
•
Posted by: MK News
Иванов не го потпиша указот на законот за ратификација на Договорот со Грција и го врати во парламентот. Во пропратното писмо до Талат Џафери наведува пет причини зошто се решил на ваков чекор. Прво, во изборната програма со која победил во 2014 година ветил дека не прифаќа промена на Уставот со цел промена на уставното […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:20
•
Posted by: MK News
Уште еден сведок кој дента на масакрот кај Смилковско езеро бил таму на риболов денеска сведочеше во судницата во Основниот суд Скопје. Тој е сосед на Филип, едно од убиените момчиња. Критичниот ден отишол на езерото околу 10.30, а заминал околу 17.30 часот. Сведокот кажа дека на заминување го видел возилото на Филип паркирано таму, […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2018 22:10
•
Posted by: MK News
Од Фејсбук соопштија дека се тестира услуга која на администраторите на одредени групи на социјалната мрежа ќе им овозможи наплатување на месечна „членарина“. Марк Закерберг со години зборува дека Фејсбук секогаш ќе остане бесплатен. Но, откако изби аферата со „Кембриџ Аналитика“ и после новите регулативи во Европската унија, првиот човек на најголемата социјална мрежа на […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2018 13:42
•
Posted by: MK News
Според договорот, Македонија и Грција го прифаќаат терминот „Македонец“ во двете земји согласно со културите на двете страни, вели портпаролот на македонската Влада Миле Бошњаковски за грчката телевизија „Епсилон“, на прашањето дали граѓаните во Македонија ќе се нарекуваат Македонци или граѓани на Република Северна Македонија. Бошњаковски објаснува дека според членот 7 од договорот, двете страни […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2018 09:32
•
Posted by: MK News
Доколку претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов, се соочи со можен импичмент, кој синоќа како можен го најави премиерот Зоран Заев, тогаш бројките и прописите се чини дека одат во негов прилог. За евентуалното повторно покренување на оваа постапка, според Уставот на Република Македонија неопходни се двотретински мнозинства и во Собранието и во Уставниот суд. Заев […]
______________________________________________________________________________________________________
17/06/2018 21:23
•
Posted by: MK News
Неколку илјади граѓани и вечерва се пред Собранието да го изразар своето несогласување со договорот со Грција за промена на уставното име, кој беше потпишан денеска во Преспа. Организатори на вешерашниот протест се навивачката група Комити. Се пејат патриотски и народни песни за Македонија, а дел од приутните запалија и бакљи. Уа за предавниците, извикуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2018 11:33
•
Posted by: MK News
Пред два часот по полноќ заврши првиот дел од расправата во грчкиот Парламент по доставениот предлог од Нова демократија за гласање недоверба на Владата. Како што јави дописничката на МИА од Атина, пратеници од сите партии вчера го изразија нивниот став околу договорот постигнат меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев. Расправата се движеше во […]
______________________________________________________________________________________________________
10/06/2018 20:55
•
Posted by: MK News
ПЈРМ: Не постојат различни позиции и разлики во владата на Зоран Заев“; „Владата на Скопје демантира контра меѓу Заев и Димитров“; „Владата на ПЈРМ: Никакви разлики во ставовите меѓу Заев и Димитров во прашањето за името“; „Заедничка линија на Заев и Димитров“; „Заедничка изјава од Заев и Димитров со порака до Атина: Имаме заедничка линија“, […]
______________________________________________________________________________________________________
08/06/2018 14:16
•
Posted by: MK News
Граѓаните кои имаат неплатени долгови ќе можат да побараат отпис на каматата на долгот. Ова го предвидува предлог-законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште. Право на отпис на камата […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2018 21:50
•
Posted by: MK News
Поранешната министерка Гордана Јанкулоска и обвинета во случајот „Тенк“ попладнево преку Фејсбук се пожали на третманот од судијката Кацарска во однос на нејзината состојба. -Заложбите на Владата за заштита на жените и семејството се реализираат на дело. Дојде живот, нема веќе потреба од проекти на УСАИД за правна заштита на правата на жените, од осмомартовски […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2018 12:48
•
Posted by: MK News
Р. Северна Македонија е најизвесниот предлог за решавање на спорот со името иако во отсуство на официјални информации неофицијалните се повеќе укажуваат на тоа. Не се исклучува можноста утре и во телефонски разговор Заев и Ципрас да го верификуваат ваквото решение кое би било повод и за средбата во Преспа, пишува 24 Вести. МИА пак […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2018 14:34
•
Posted by: MK News
Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден, е посветен на настанот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на педесеттиот ден по Воскресението Христово, односно на десеттиот ден по Вознесението Христово. За време на Својот земен живот, Спасителот повеќе пати им говорел на Своите ученици за доаѓањето на Утешителот, Духот на вистината, Којшто ќе го […]
______________________________________________________________________________________________________