Тексас сака да се отцепи од САД


Петиција за отцепување на сојузната држава Тексас од САД испратија жителите кои со 119.209 потписи бараат самостојност.

Со интернет петицијата е исполнет условот од најмалку 25.000 потписи. Белата куќа, согласно законите, должна е да одговори на барањето.

Неколку денови по реизборот на претседателот Барак Обама, неколку сојузни држави покренаа петиции за отцепување, но само Тексас собра речиси 120.000 потписи.

Поддршка на сецисионистичкото движење пред неколку денови даде и конгресменот од Тексас и еден од кандидатите за републиканската претседателска номинација Рон Пол, оценувајќи дека тоа е еден од основните принципи на кои се создадени САД.

Како главни причини за отцепувањето се наведува мешањето на федералните власти во работите на сојузните држави, како и поради незадоволството на економската политика на администрацијата, што ја оценуваат како премногу левичарска и социјалистичка.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1