Додека македонците но и возачите од нашето соседство, секоја недела исплашено ги чекаат новите цени на горивата, има земји каде што возењето е буквално уживање.
Венецуела – поевтино е со автомобил отколку со велосипед:)
Всушност цената на горивото таму е толку ниска што бензинот се криумчари во соседна Колумбија, каде што овој дериват е и до 40 пати поскап. Практично овој вид шверцување е поисплатлив дури и од дрогата. Втора држава на оваа листа е Египет, а тука некаде е и Катар, која според некои статистики е најбогатата нација на светот. Просечната плата во оваа земја е повеќе од 3.500 евра. Каква комбинација високи плати – ефтино гориво, нешто слично на Македонија 🙂
Еве десетина земји во кои не се вози во лер.
10. Иран – 0,25 центи
9. Алжир – 0,20
8. Кувајт – 0,20 центи
7. Туркменистан – 0,20 центи
6. Либија – 0,16 центи
5. Бахреин – 0,16 центи
4. Катар – 0,15 центи
3. Саудиска Арабија – 0,12 центи
2. Египет – 0,11 центи
1. Венецуела – 0,10 центи