Тројца малолетници краделе по училишта во Драчево и автомобили во Аеродром


Двајца 17 годишни и еден 15 годишен скопјанец сториле повеќе кражби. Краделе и автомобили. Во 4 случаи успеале, во 5 обид биле фатени.

Полицијата ги привела и извршила разговор со нив и со родителите. Малолетниците признале, обезбедени се и докази, пронајдени се предмети што произлегле од кривичните дела.

4 кражби извршиле на подрачјето на Драчево и една во населбата Аеродром.

Имено, осомничените, во текот на мај и почетокот на јуни  годинава, во континуитет, извршиле вкупно пет  кривични дела: четири кражби (од просторите на две училишта, од еден автомобил и од едно товарно возило. А во еден случај се обиделе да украдат автомобил, но не успеале.

Од училиштата краделе монитори од школски компјутери. Го оштетиле „Браќа Миладиновци“ од Драчево и „Д. Влахов“ од Аеродром. Краделе дење, додека се одржувала настава. Од автомобилите краделе пак навечер. Со употреба на сила, скршен е катанецот од резервоарот и украдено е гориво, а во другиот случај насилно е спуштено стаклото на прозорот од автомобилот и украден е акумулатор.

Предметите ги продавале. Извршен е разговор и со лица кои ги купувале украдените предмети а пронајдени се и предмети што произлегле од сторените кривични дела и истите, со потврда, се одземени од лицата кои ги купувале украдените предмети.

По целосно документирање на случаите до ОЈО–Скопје, во редовна постапка, против сторителите ќе биде поднесе кривична пријава за сторени кривични дела – “кражба“, “одземање на ПМВ“, и “прикривање“.

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1