Ценовник за дрога во школскиот двор



На влезот покрај Прехранбрено-угостителското училиште во Чачак, бил забележан графит со цени на наркотните средства, кои што се продавале покрај дворот на ова училиште.

Секој оној кој што ќе минел покрај училиштето, можел да ја дознае цената на „Хибрид“ 600 динари, „Сканк“ , „Спид“ и „Ексер“ 1000 динари. Печурките чинеле дупло повеќе и цената за нив изнесувала 20 евра. „Хорс“ (Хероин), чини 800 динари за пола грам, „ЛСД“ чини 1500 динари, а најскапа дрога бил кокаинот, кој се продава во зависност од квалитетот, од 70 до 100 евра за еден грам.

Според зборовите на директорот на ова училиште, Драган Ковачевиќ, и покрај тоа што се превземени сите мерки за заштита на учениците од продажбата на наркотичните средства, сепак се појавил графит кој што се нашол на ѕидот на соседниот објект, кој се наоѓал во дворот на училиштето.

„Ноќта кога графитот е напишан, чуварот го прошетал целиот двор, околу два часот по полноќ. Сепак утрото го пронајдовме графитот. Очигледно е дека училиштето не може на своја рака да го реши овој проблем и потребно е сите заедно како друштво да реагираме. Да сум го видел оној кој што го напишал ова, методите кои што би ги преземал би биле образовни и воспитни“, изјави Ковачевиќ.

Дрога продаваат дури и осмооделенци
Оној кој што има намера да им продаде дрога на децата во училиштата, на доста транспарентен начин ги известил за тоа како се движат цените. Во разговор со учениците во едно од основните школи во Чачак, новинарите дознале дека дрога се продавало и во дворовите на основните училишта.

„Знаеш како е, тие најпрвин на децата им нудат да пробаат. Ако веднаш не ги однсеш во мајчина, стануваат могу нападни да им ја пробаш стоката. И по правило стартуваат со примерни ученици кои што доаѓаат од фини семејства. Прашуваш зошто. Па тие деца не знаат да се одбранат. Не знаат како да ги отераат во мајчина. Откако ќе им дадат да пробаат, ќе ги примораат да им ја купат стоката, затоа што во спротивно ќе им се заканат дека ќе ги пријават на наставниците и на нивните родители, дека веќе се дрогирале. Се знае и кои се тие дилери. Па ако јас ги знам и цело мое друштво ги познава, тогаш веројатно и полицијата ги знае“, зборува една осмооделенка пред новинарите од Чачак.

Наркоманијата не се лечи со предавања

Очигледно дека воведувањето полицајци во училиштата може да го намали увезувањето на наркотични средства во училишните дворови, но ваквата мерка не е доволна за да ја искорени ваквата појава. За ефикасна борба против наркоманијата во школите, не е доволна ниту едукацијата на учениците во школските клупи.

„Ма знаеш, кога ќе почнат да ни предаваат за наркоманијата, тоа е обично не замара. Ние знаеме многу повеќе од тоа што ни кажуваат на часовите. Можеме ние на нив да им предаваме како тоа функционира во пракса“, продолжува да збори осмооделенката пред новинарите.

Без здружување на целото општество, нема да има успех во борбата против наркоманијата. За почеток би било корисно полицијата да ги открие оние кои што го истакнале ценовникот во дворот.

Share Button

Tags: , , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1