По денешниот протест на моторџиите за одлуката на општина центар на нејзините паркинзи да се наплаќа и паркирање на мотори, постигнат е компромис и одлуката е променета.
Општина центар ќе ги држи за збор моторџиите дека нема да паркираат на тротоари, зелени површини или каде ќе им текне, а тие за возврат нема да наплаќаат паркинг на моторите на паркинзите.
Моторџиите ќе мора да паркираат на соодветно означените места – но за тоа нема да мора да плаќаат, пишува порталот мотори.
моторџиите се обврзале од септември да започнат со едукација на мотоциклистите за прописно паркирање.