„И громови и метеори да паѓаат, ќе издржиме. Не заминуваме од овде“, им порача на граѓаните лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Како што објави а1 он Црвенковски изјавил дека Власта станала наркомански зависна од странски кредити.
,,Вчера само на домашниот пазар не задолжија со нови 100 милиони евра. Народот нема леб да јаде а Груевски своите фрустрации ги лечи. Си играат и глумат лажни патриоти, го скараа народот, а сложно со ДУИ делат тендери. Ако ова го дозволиме, ќе биде крај, мораме да ставиме рампа. Од вечерва и Парламентот и улиците си ги враќаме назад. Утре ќе не видат колку сме. Почнуваме утре од 8 и пол часот наутро се до победата. Доаѓа време да видиме од каков материјал сме. Ќе видат како се кали челикот. Сакаат борба, и ќе добијат“, порача пред Собранието, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
А1он