Убиствените електрони од земјата се насочени кон вселената


Додека сонцето се поместува кон својот максимум во 2013 година како резултат на зголемувањето на вселенското време привремено може да се намалат појасите на зрачење на набиените електрони кои се наоѓаат околу земјата. Но новото проучување на податоците кои забележале 11 независни летала, открива дека смртоносните честички одлетале во вселената и дека не се задржале во атмосферата на нашата планета како што изјавуваат некои научници. Движењата на високо збиените електронипоминуваат низ Van Alenoviot појас на зрачење кој кружи околу Земјата (тоа се зони на високо енергетски набиени честички заробени на високи надморски височини во магнетното поле на земјата). Кога честичките се среќаваат со сончевите зраци, се судираат со магнетното поле на планетата кое ја штити земјата од најстрашните фактори, резултирајќи со геомагнетна бура која може да го намали бројот на опасни електрони. Геомагнетната бура е привремена препрека на земјината магнетосфера предизвикана со пореметување во мегупланетарната средина.

Каде одат овие честички долго време ги интригирало физичарите, а со оглед на тоа дека тие може да предизвикаат прекин на чувствителните телекомуникациските сателити и претставуваат опасност за астронаутите, тоа е многу важно прашање изјавуваат истражувачите.

Во јадрото на мистеријата на геомагнетната бура се наоѓаат чудни бариери познати како прекини во бројот на набиените честички во појасот на зрачење. Тие џебови може да настанат неколку пати годишно, но кога сонцето поминува низ активната фаза, како што тоа е сега случај, овој број може да се зголеми на неколку пати месечно, објаснуваат научниците кои биле вклучени во студијата.

Астрономите сугерираат дека честичките кои недостасуваат би можеле да бидат исфрлени кон земјата каде можеби би се апсорбирале во атмосферата. Оваа активност може да се објасни со губитокот, особено оној кој се случува кога не се забележани геомагнетните бури.

Тимот од научници од Калифорнискиот Универзитет во јануари 2011 година со голем број инструменти забележале геомагнетна бура. Забележале дека додека активната соларна активност го турка земјиното магнетно поле на дневната страна кон работ, линии може да се пресечат при што електроните бегаат кон вселената.

– Овие честички во потполност се изгубени, изјавил научникот Дру Турнер. Иако материјалот исфрлен од сонцето може да го намали земјиниот надворешен појас на зрачење, тој исто така може неколку дена да влијае и во внатрешноста и да го потполни овој појас со поголем број на набиени честички.

Претходните студии покажале дека волуменот на електрони може да се истисне со соларната активност. Кога појасите се целосно исцрпени турнеровата теорија предвидува поголем прилив од она што претходно се мислело.

Тимот користел 11 различни сателити вклучувајќи ги и петте летала на НАСА и два метеоролошки сателити со кои управуваат National Oceanik & Atmospheric administration и European Organization for the exploitation of meteorological satellites со цел да ги проучат малите геомагнетни бури. Големиот број на летала им овозможиле да направат комплетни слики на интеракцијата помеѓу земјиното магнетно поле и честичките кои доаѓаат од сонцето.

 

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1