Акцијата “Кондор“ на МВР траела неколку месеци. Во неа биле вклучени полиции од Косово, Црна Гора, Бугарија, како и полициите на Австрија, Холандија и др. Групата која е фатена подолг период тргувала со фалс странски пасоши, лични карти, возачки дозволи, осигурителни картички, дипломи, а изработувале фалс македонски возачки дозволи, АДР лиценци и др.
Криминалната група имала добро разработен начин на делување, така што по остварени телефонски контакти, лични средби и договори, помеѓу посредниците и фалсификаторите од Р.Македонија, посредниците електронски доставувале фотографии и податоци за лицата за кои биле наменети фалсификуваните документи и видот на документот кој треба да биде изработен, а согласно на видот и квалитетот на фалсификуваниот документ била определувана и цената која се движела од 100 евра до 3500 евра.
Приведени се вкупно 12 членови на криминалната група на возраст од 21 до 62 години, од Скопје и Прилеп, додека шест лица не се достапни на органите на прогонот. Извршени се претреси во шест објекти во Скопје, пронајдени се опрема и средства кои биле користени за изработка на фалсификуваните документи:
,, 6 компјутери, еден Лап Топ компјутер, 84 бланко картички, фолии за пластифицирање, фалсификувани косовски дипломи, специјални лупи, машина за пластифицирање, бланко фолии, фотографии и фотокопии од документи од лица, десет принтери, едно УСБ, фотографии од лица и др.
Ќе биде поднесена кривична пријава против 18 сторители, од кои 17 македонски и еден косовски државјанин, поради постоење на основано сомнение дека истите се сторители на кривично дело „злосторничко здружување“ и „Фалсификување исправа“.
Дел од припадниците на организираната група и претходно се пријавувани за различни кривични дела, додека еден од нив треба да издржува и десетгодишна казна за сторено кривично дело убиство. Целата група, според оперативните сознанија, подолг период наназад, во изминативе десетина години се занимавала со фалсификување на документи.