Видео: Авионот принудно слета во море, на 100 метри од плажа


Авионот заврши во морето во 11:47 часот крај островот Раб во Хрватска, а во него се наоѓале двајца хрватски државјани. За среќа никој не е повреден, известила приморкската полиција.

Динко Водановиќ, главниот истражител за авионската незгода, објасни дека слетувањето било под контрола, пилотот ги следел уредно сите упатства за кои што добил и дозвола од Агенијата за цивилно воздухоплоство.

„Пилотот летал редовно од точката А до точката Б, односно од Загреб до одредени места во морето и таму направи вонтеренско слетување. Кога слетал, тој морал да управува на ист начин како со брод и да ја почитува пропишаната брзина“, изјавил Водановиќ.

Проблемот според надлежните настанал поради глисерите кои неконтролирано возеле околу авионот. ,, се создадоа бранови, поради кои водата навлезе во кабината на авионот и пилотот мораше да ги изгаси моторите, затоа потоа беше влечен на копното,, изјавил Водановиќ за дневник.хр

„Пилотот не слетал на местата кај што беа луѓето, затоа што за тоа немало да добие дозвола. Се знае дека авионот бил без ознаки и не бил регистриран, зошто воопшто морал да слета в морето крај самата плажа, надлежните засега не кажуваат. Сепак од снимката се гледа дека луѓето им помогнаа на пилотите и копилотите да го довлечат авионот до плажата“.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1