Насилство во центарот на Атина – Генералниот штрајк поради новите мерки за штедење ексалираше. 50 000 луѓе беснееа на улиците на Атина, а полицијата за да ги растера употреби солзавец. Само во Атина се распоредени 5.000 полицајци.
Штрајкот го организирал синдикатот на работници во јавниот сектор (ADEDY), синдикатот на вработени во приватниот сектор (GSEE) и Сеработниот милитантен фронт (PAME)
Штрајкуваат вработените во јавниот сектор, вработени во приватниот сектор, цариниците, а и синдикатот ПАМЕ, закажа протест. На штрајк одат и лекарите и вработените во болниците, вработените во државните банки, адвокатите.
Во штрајкот се вклучени и железничарите, како и бродските работници.
Повод се новите мерки за штедење најавени од владата кои се состојат главно од намалување на платите, пензиите и трошоците за социјално и здравствено осигурување. Ова е трет генерален штрајк од почетокот на годината. Платите на државните службеници досега им се намалија за 40%.