Видео: Го гледате ли и вие лицето на Исус?


Секако постои можност дека во прашање е уште еден природен феномен, можеби во прашање е и некоја шала, но на прв поглед сликата што може да се види на пресеченото дрво навистина потсетува на лицето на Божјиот Син!

Лицата што го исекле дрвото на градските гробишта во Белфаст, биле прилично изненадени кога забележале дека на исеченото дрво се гледа лик кој многу потсетува на Исус.

Дрвото го пресекле пред неколку дена и од тогаш привлекува големо внимание на многу љубопитни луѓе меѓу кои некои секојдневно доаѓаат на местото и се молат.

Дрвото растело покрај гробот на Ребека Стивен, девојче кое на тоа место било погребано во дамнешната 1916 година.

– Бев и го снимив овој привид за да можам да го објавам на Youtube. Најдобро е на овој начин луѓето да се уверат во феноменот со сопствени очи, да видат како тоа изгледа и да донесат свое мислење. Јас сум скептик, но морам да признаам дека некој направил навистина добра работа ако се шалел – изјавил Шон Осборн, човекот што го поставил видеото.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1