Камерата на Алфа телевизија го сними инцидентот на натпреварот меѓу Пелистер и Вардар во Битола откако шок- бомба експлодираше во рацете на еден навивач од редот на комитите и повреди уште петмина.
Инцидентот се случи во последната минута од натпреварот, при вжештена атмосфера кога Пелистер губеше со 1-0.
Сите повредени завршија во клиничката болница во Битола – тројца на хируршкото одделение, а тројца на оддлението за ортопедија со повреди на екстремитетите. Сите повредени се вон животна опасност и со полесни повреди, освен едниот пациент кому му е разнесена дланката.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Навивачот на Вардар мавта за помош со скината рака
Цела Македонија во шок – на навивачот на Вардар ќе му биде ампутирана раката (ФОТО)
ВНИМАНИЕ ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА