Пожарот во Стумичко никако да згасне. Откако вчера повторно се разгоре ридот над градот, пожарот стивнуваше па се разгоруваше цела ноќ. Гореше околу “Гогова чешма“
Противпожарни возила од Струмица, Радовиш и Валандово цела ноќ беа распоредени долж патот кон Валандово.
Пожарникарите вчера правеа и засеци за да спречат ширење на пожарот кон викендиците. “Канадерите“ ќе гасат и утрово.
Според поседните информации ридовите над градот се опустошени целосно. Гореле дури и корените на дрвјата во земја. Високите температури само ги влошуваат шансите пожарот комплетно да се изгасне.
Видео – Ѓорги Вртев