Дирекно од вселената доаѓа новиот изум кој е спас за летниве горештини. МИТ (Ministry of Supply) користејќи ја свемирската технологија за контрола на температурата на НАСА и ја создадоа кошулата која ја крстија ,,Аполо,,
За изработка на кошулата се користат фазно – променливи материјали кој ја упиваат топлината на телото и на тој начин создава чуство на пријатност и го спречува потењето.
Слична технологија се користи и за изработка на оделата на астронаутите. Материјалот има и антибактериски слој, кој пак спречува ширење на непријатни мириси.
Тимот на МИТ прима донации за својот изум, досега имаат собрано 178.000 долари.