Русин летва пијан успеал да се качи во багер, никој не знае ни од кај го нашол ни како го стартувал. Почнал да си вози па стасал до еден паркинг.
Дали намерно или случајно почнал да ги уништува паркираните автомобили. Стигнал до бројот 7 – уништени автомобили, а тогаш го дофатиле сопствениците.
Неколку од нив со сила го застанале багерот, го извлекле возачот, а дел од нив лути што им ги уништил автомобилите и физички се рпесметале со него. Набрзо дошла и полиција, но и брза помош за да му укаже помош на пијаниот Русин.