Разголена по долна облека со според неа оригинална идеја Кристи решила да излезе на улиците на Акрона во американската сојузна држава Охајо и да пита не за храна туку за операција за зголемување на градите.
37 годишната самохрана мајка и студентка Криси облечена во гаќи, градник и чизми, во раката држи знак на кој пишува „не сум бездомник, ми требаат пари за поголеми гради“. За секој случај со неа има и телохранител.
Криси треба да собере 4.200 евра. Таа вели дека ќе успее да ги собере парите, бидејќи за два часа успеала да „заработи“ дури 40 евра.
-Секој ден гледам луѓе кои питачат по улица па си помислив зошто и јас да не питачам и да соберам пари за поголеми гради. Мислам дека идејата е оригинална, не сум видела до сега ништо вакво слично, изјави Криси а пренесува „Daily Mail“.