Со последни сили Пено Стојанов се довлечкал до колегите за да побара помош за својот постар брат. Вистинска драма се случувало синоќа на струмичкиот рид кога огнената бура ги приклешти луѓето што го гаснеа пожарот.
Стаменчо Јанчев од Рич, колега и пријател на трагично починатите браќа бил со нив во критичниот момент и за ТВ Канал Вис ја раскажа потресната случка. Ви ја пренесуваме во целост – со видео прилогот од ТВ Вис.
,, Кога почна да се намалува интезитетот на пожарот ние почнавме да се повлекуваме нагоре бидејќи почна плус и да врне дожд, се спремаше бура меѓу нив беа Перо и Блажо како и деца, и одеднаш дојде друга група на деца, ги прашавме што прават, тие ни рекоа да бегаме надолу бидејќи се надоаѓала бура, но и од другата страна надојде бура така да ние останавме на средина помеѓу двете бури и се повлековме во еден трап, децата што беа со нас ги налегнавме и ние налегнавме на самиот пат и тогаш огинот помина низ сите нас и не изгоре, децата беа повредени, од чадот не се гледаше ништо и тогаш само го забележавме Пено како дојде и ни извика и помош и падна, потоа тргнавме да го спасиме Блажо и тешко можевме да фатиме сигнал со телефоните затоа јас се качив на патот таму беа пожарникарите и нашиот директор и така почнаа да ги извлекуваат останатите еден по еден и така завршивме во болница, објаснува Јанчев.
Траорна атмосфера во планинското село Рич. Семејството, блиските, но и соселаните на трагично загинатите браќа молкум се собираат во нивните домови. Педесет годишниот Блажо Стојков и пет години помладиот Пено Стојанов беа браќа но и колеги на работното место во Македонски шуми. Беа чесни и загинаа херојски, велат жителите на Рич, бранејќи ја Струмица од пламените јазици.
-Добри луѓе беа, работеа како шумски работници со сите од селото си живеа, Блажо има три деца, а Перо две. Двете деца на Блажо се женети, а на Перо децата не му се оженети,вели жител од селото.
-Иако беа шумари беа добри према сите, страшна трагедија, вакво нешто ова село не памети,вели жителка на селото.
И покрај сите напори лекарите од градската болница во Скопје ја загубија битката за животите на два од трите најповредени лица во вчерашниот пожар, кој седум часа беснееше на струмичките ридови. Блажо Стојков и Пено Стојанов имаа изгореници над 90 проценти по телото и од самото пристигнување во скопската болница беа приклучени на апарати, но нивните витални органи престанаа да функционираат.
превземено од vis.mk