Видео: Тројца се борат за живот – повредени и 7 деца во пожарот во Струмица


Огнена стихија ја зафати боровата шума над градот Струмица, близу ромското маало. Тројца од  ЈП Македонски шуми се борат за живот, а седум деца поминаа со полесни повреди.

Вкупниот број на повредени се искачи на 14 лица. – според последните информации  5 се со тешки изгореници по телото. Четири возила на брзата помош од болниците во Радовиш и Валандово дополнително пристигнале за да се забрза превозот на повредените до ургентиот центар во Скопје.

Тројцата вработени од ЈП Македонски шуми кои се борат за својот живот се  итно пренесени во Скопје, а децата ќе останат во општата болница во Струмица.

Градоначалникот Зоран Заев, Министерот Зоран Коњановски и пратениците Васил Пишев и Панче Орцев се во болницата и ја следат ситуацијата .Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, даде изјава и директно од болницата: „Рано е да се каже кои се причините за избувнување на пожарот. Во моментот најважно е тој да биде ставен под контрола и да не се дозволи да ги зафати куќите.“

Пожарот започна околу 12:30 часот. Причините се се` уште непознати, а се шпекулира дека е подметнат од човечка рака.

И покрај големите напори на против-пожарните служби и регионалниот центар за управување со кризи, не успеаја да го смират бесниот пожар, се додека како што велат не дојде божја рака на помош – заврна силен дожд кој ја смири огнената стихија.

Видеото е снимено од Манастирот Св Илија

За mknews.mk – Александар  Младеновски

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1